Поддршка од нашето училиште во “Форум за младинско учество во образованието”
СОУ “Коле Нехтенин” Штип го поддржа првиот „Форум за младинско учество во образованието“ во Македонија, во организација на УГД.
Форумот промовира соработка со средните училишта, се’ со цел подобрување на квалитетот во образованието.
Образованието е клучен столб на секое општество и затоа треба постојано да се инвестира во него!
Во рамки на Форумот учествуваа 15 средни училишта, од над 10 општини од државата, студенти и професори од УГД, градоначалникот и претставници на Општина Штип, Стопанска комора и бизнис секторот.




















