Подготовки на учениците од Угостителско –туристичката струка за Еразмус, работилница “Контрола на однесување и разрешување на конфликти”
Во тек се подготовките на учениците од Угостителско –туристичката струка, кои преку Еразмус+ проектот ќе заминат на практична обука во Кипар.
После спроведената обука за изработка на еуропас CV, со наставник Лидија Кишишева , денес се одржа работилница на тема „ Контрола на однесување и разрешување на конфликти“од страна на наставник Лиљана Манова, која е дел од Еразмус тимот.Целта на денешната работилница беше учениците да стекнат вештини за контрола на однесувањето и да ги научат најдобрите начини за разрешување на конфликти на работно место.
Во наредниот период следуваат уште обуки се со цел учениците спремно, одговорно и доследно да ги оставарат целите на проектот.


