Подготовки за реализација на Еразмус+ проект во Кипар

Подготовките за реализација на Еразмус+ проектот Обука за угостителство во Кипар се во завршна фаза. Во текот на април и мај се одржуваа повеќе часови за јазична подготовка на избраните ученици со професорката по англиски јазик Катерина Стефанова. Учениците вежбаа говорна интеракција и вокабулар од терминологијата за готвачи и келнери.СОУ “Коле Нехтенин”Штип со добиениот Еразмус + проект ќе им даде исклучителна можност на учениците за стекнување на европски стручни вештини и градење на европски вредности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *