Патрон празник на СОУ”Коле Нехтенин”

СОУ”Коле Нехтенин” Штип го одбележа патрониот празник.

На 19.5.2023г.пред бистата во училишниот двор беше положено цвеќе, а денес во училишниот хол со пригодна свеченост учениците го одбележаа празникот, му оддадоа почит на патронот и заштитник на училиштето Коле Нехтенин.

Учениците ја искажаа својата голема почит кон своите наставници кои несебично се посветени на својата работа и развојот на училиштето.

Професијата наставник е благородна и само ние ја имаме привилегијата покрај на сопствените деца да им бидеме не само наставници туку и родители, пријатели, најверни другари на многу повеќе деца. Секако таа задача воопшто не е лесна, но и задоволството од неа е непроценливо.

Продолжуваме да мотивираме, да инспирираме и да го поттикнуваме најдоброто во нив, зашто добриот столб е основа за стабилна и цврста градба на којшто со скапоцен восок, златни букви и траен белег се потпишуваме токму ние.

Честит патронен празник!

в.д.директор Јованка Шалева и вработените во СОУ”Коле Нехтенин” Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *