Отворен ден на Универзитетот „Гоце Делчев “од Штип

Како и секоја година така и годинава учениците од завршните класови беа присутни на Отворениот ден на Универзитетот „Гоце Делчев “од Штип . На штандовите на сите факултети кои се во склоп на Универзитетот учениците имаа можност да се запознаат со дел од содржините на студиските програми на овие факултети со цел да бидат подобро информирани за можностите за продолжување на нивното образование како дел од нивниот професионален развој. Посебно радува фактот дека дел од студентите презентери на факултетите беа наши поранешни ученици ,што покажува дека од нашето училиште излегуваат ученици со високи знаења што им овозможува уште поголеми успеси во нивното натамошно образование и кариера.

Leave a Reply

Your email address will not be published.