Освоени награди на наградниот конкурс објавен од Балканскиот универзитет Скопје

На наградниот конкурс објавен од Балканскиот универзитет Скопје на теми од различни области,учениците од нашето училиште освоија прво место во областа Образование и трето место во областа Јазик и комуникација.Учениците Памела Рецеповска Стефан Катранџиски,Теодора Петковска,Филип Саракинов и Марко Стојменовски под менторство на проф.Лиљана Манова го освоија првото место и се стекнаа со 100% стипендија за студирање на овој Универзитет,а учениците Бојана Јакимовска,Весна Христовска,Филип Саракинов и Филип Видески под менторство на проф.Сузана Арсова го освоија третото место и се стекнаа со 50% стипендија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.