Од штипскиот подрум до вселената, со иновациите на Стефан

Стефан Јакимовски, студент на електротехничкиот факултет во Штип е наш ученик кој пред 3год. заврши во рамките на профилот електротехничар за електроника и телекомуникации. Почнувајќи од сопствената детска фантазија, преку работата во неговата т.н.”Пештера”, преку стекнатите знаења во нашето училиште и на факултетот, и личната надоградба, тој размислува за работа на вселенски програми како дел од голем инженерски тим кој работи на иновации.

Неговата порака до сите млади е да бидат свои и уникатни и да го работат тоа што го сакаат и ги исполнува.

Ништо не е тешко, но не е и сеедно каде се стекнува образованието.

Науката и техниката имаат безгранични можности.

Од “пештерата” до Вселената!Стефан Јакимовски, горди на тебе!

Leave a Reply

Your email address will not be published.