“Од млади за млади” – презентација од Земјоделскиот факултет при УГД
Претставници од Земјоделскиот факултет при УГД- Штип на нашите матуранти им ги презентираа придобивките и можностите од овој факултет.
На ден 23.3.2023 година (четврток) во рамки на настанот ,,Од млади за млади” нашите матуранти имаа можност да ги слушнат сите можности кои ги нуди овој факултет. Матурантите одблизу се запознаа подобро со функционирањето на факултетот и целиот Универзитет воопшто. Студентите на Земјоделскиот факултет ги раскажаа своите лични, успешни и инспиративни приказни како поттик, нашите матуранти, да бидат дел од големото семејство на УГД.
Ваквите настани им се од голема важност на нашите матуранти при изборот на нивниот вистински пат.