Одбележан Светскиот ден за сеќавање на жртви во сообраќајни незгоди со едукативни предавања
На 17.11.2022г пред учениците од СОУ „Коле Нехтенин“ се одржаа едукативни предавања со цел создавање на добри сообраќајни навики и подигање на свеста за поголема одговорност и почитување на сообраќајните правила. Предавањата беа од страна на Баже Милев-самостоен инспектор за безбедност и превенција во сообраќајот при Отсекот за превенција на СВР-Штип и командирот Борче Панов и Мирјана Јованова -водич за безбедност на патниот сообраќај при Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај.
Активноста е во рамки на програмата за одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртви во сообраќајни незгоди.
