Оглас за учество во проектот – Обука за угостителство во Кипар

ОГЛАС за избор на 10 ученици од СОУ „Коле Нехтенин„ – Штип за учество во проектот „Обука за угостителство во Кипар“

Со задоволство ве известуваме дека нашето училиште како добитник на проект од Еразмус+ програмата за мобилност на ученици од стручното образование распишува оглас за избор на 10 ученици кои ќе учествуваат на шестнеделна практична обука во хотели во Кипар во периодот од крајот на мај до првата половина од јули 2022 година.

Целта на проектот е проширување на знаењата, вештините и искуства од областа на угостителството, стекнување на нови знаења и вештини, како и дисеминација на стекнатите знаења по завршувањето на мобилноста. Проектот ќе им овозможи и на децата од семејства со помали финасиски можности да стекнат вакво непроценливо искуство. Учениците ќе работат во врвни хотели на крајбежјето на Кипар, што многукратно ќе допринесе за унапредување на нивните стручни, јазични, комункациски и организациски вештини како и стекнување на многу нови компетенции. Сето тоа ќе има големо влијание за подигнување на самодоверба на учениците, што дополнително ќе даде голем придонес за нивната натамошна успешна професионална кариера.

Нашето училиште е координатор на проектот , а како партнер ја имаме Dionе Youth Organization , младинска невладина организација од Кипар со повеќегодишно искуство во поврзување на училиштата од Европските земји со хотелските капацитети во Кипар, со цел реализирање на професионална пракса во хотели со 4 и 5 ѕвезди. За време на мобилноста на учениците, сите трошоци за патување, сместување , исхрана и културолошки екскурзии ќе бидат покриени од самиот проект. Учениците цело време ќе бидат во придружба на двајца наставници кои ќе се грижат за сите аспекти од престојот на учениците. Обуката за угостителство во Кипар се планира да се реализира во периодот од крајот на мај до првата половина на јули 2022 година.

Начин и рок за пријавување на огласот:

Заинтересираните ученици треба да ги поднесат следните документи:
1. пополнета пријава ;
2. CV – професионална биографија на ученикот
3. мотивационо писмо на ученикот
4. препорака од одговорно лице од угостителски објект
5. препорака од наставник по предметот Практична настава
6. препорака од класен раководител
7. изјава од родител/старател
8. изјава од ученикот
9. потврди за месечни приходи на родителите или доказ за невработеност(истите ќе се приложат дополнително, на интерјуто за избор)

Печатени примероци од потребните документи (1),(2),(3),(7) и ( 8 ) можат да се подигнат во училишната библиотека, а таму ќе можат и да се предадат пополнетите и комплетни документи за пријавување (од ред.бр 1 до ред.бр. 8 ).Рокот за пријавување за учество е од 07.02.2022 до 17.02.2022 година

No photo description available.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *