Обука за угостителство во Кипар

В.д директорката на нашето училиште Јованка Шалева денес ги прими учениците од угостителско-туристичката струка кои го реализираа Еразмус+ проектот „Обука за угостителство во Кипар“, со цел да ги слушне впечатоците на учениците од реализацијата на проектот. Во периодот од 01.06.2022 до 14.07.2022 учениците работеа во хотелскиот комплекс Olympic Lagoon Resort во Аја Напа, Кипар. Од нивните кажувања присуството на ваква обука за нив е од непроценлива вредност. За првпат се нашле во работно опкружување од толку висока категорија и вештините и знаењата кои ги добија многу ќе им помогнат во нивната натамошна кариера. Раскажуваа за предизвиците со кои се соочуваа и за успешната реализација на сите поставени задачи, работејќи во различни национални ресторани кои се во склоп на комплексот. Директорката на сите ученици им порача дека треба да ја користат секоја прилика да работат на себе и да се надоградуваат во својата професија за да бидат успешни, среќни и задоволни личности.

На крајот на средбата учениците ги добија официјалните документи на Еразмус+ за реализирана мобилност Europass Mobility, кој го потпишуваат главниот менаџер и одговорниот ментор во хотелот каде се реализира мобилноста. Тоа е универзален европски документ за стекнати вештини за време на мобилноста на учениците и истиот претставува голема придобивка за професионалната биографија на секој учесник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *