Образовно рандеву 2019
И оваа година нашите ученици успешно се претставија на Образовното рандеву 2019 кое го организира Младинската асоцијација на средни стручни училишта на Македонија, а кое овојпат се одржа во СОУ „Мирко Милески “ во Кичево.Учениците имаа можност да се натпреваруваат во голем број категории кои ги подобруваат нивните лични вештини и кои придонесуваат за развивање на чувството за одговорност и самодоверба. Истовремено натпреварите им овозможуваат на учениците да постигнуваат успеси во организирани активности и да се промовираат во граѓани со правилен избор на професија и успешна кариера. Освен натпреварување МАССУМ е прекрасна можност за размена на искуства , дружба и забава за младите средношколци од целата држава.
