“Образовно рандеву“-2018

На овогодинешниот натпревар „Образовно рандеву“ во организација на Младинската асоцијација на средни стручни училишта (МАССУМ) што се одржa на 20.4.2018 год.(петок) во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје учениците од СОУ„Коле Нехтенин” – Штип ( Памела Реџеповска и Маринела Михајловска под менторство на проф.Ивана Стојанова и проф. Мартина Николова) се здобија со сребрен медал и второ место во категорија НАЈДОБРА ВЕБ СТРАНА.
Учениците учествуваа и во следниве категории и беа високо рангирани на листите:
1.Најдобра драмска претстава (Ученици- Лилјана Шалева, Дијана Кузманова,Данчо Коцев, Александар Марков, Стефан Ефремов, Кристина Маневска, Катерина Петковска, Елена Михаилова, Стефанија Стојанова). Ментор – проф. Јованка Шалева
2.Најдобра фотографија (Ученик- Ивона Соколовска Ментор – проф. Драгана Љуботенска ), (Ученик-Петар Дончев Ментор – проф.Александра Романова- Тасевски
3.Најдобар постер (Ученик – Никола Панов Ментор – проф.Драгана Љуботенска)
4.Поетска творба (Ученици- Мартин Ристов, Елена Вуческа Ментор – проф.Сузана Арсова)
5.Интервју за работа на македонски јазик (Ученик – Ненад Нушев Ментор – проф.Лидија Кишишева)

Leave a Reply

Your email address will not be published.