Нови кабинети за практична настава
Во нашето училиште оваа недела беа ставени во функција два нови и комплетно опремени кабинети за изведување практична настава за смерот електротехничар-енергетичар.
Кога знаењата стекнати со теоретската настава ќе се поврзат со практична реализација и примена уште во училишните клупи, тогаш сме сигурни дека нашите ученици во иднина со стекнатите знаења ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот.Среќни и мотивирани ученици е нашиот приоритет и во иднина!


