Нашите ученици – гости во Сител ТВ, во емисијата “Качамак”

Нашите ученици од угостителско-туристичката струка Вероника Димитрова, Зоја Постоловска, Андреј Постоловски и Сандра Костова, заедно со проф. д-р Горан Антониевски денес беа гости во Сител ТВ, во емисијата “Качамак”.

Тие се претставија со традиционални вкусни јадења: качамак со месо, селско месо, праз со месо, турлитава, кромидарник, баница, штипска пастрмалија, погача, пинџур, алва…

За гледачите тие открија дека во рамките на практичната настава во училиштето и во угостителските објекти, покрај традиционалните јадења учат да готват и други според рецептите на другите кујни, да мешаат вкусови и стилови на готвење, се’ со цел да се стекнат со знаења и вештини кои од нив ќе направат врвни и професионални готвачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *