Натпревар на UPSHIFT програмата за социјално претприемништво

Нашите ученици Стефан Ефремов, Стефан Јакимовски и Тоше Гацов под името Дрим тим и под менторство на професорот Томе Коловски победија на натпреварот на UPSHIFT програмата за социјално претприемништво. Викендов тие учествуваа на тридневната работилница на која ја имаа можност да ја претстават својата идеја. Во проектот финансиран од UNICEF, CEED Skopje и Фонд за иновации учествоа зедоа најдобрите 10 екипи од пријавените за натпреварот. Идејата на нашите ученици за самостојна изработка на CNC машина за ласерско гравирање беше избрана за најдобра па реализацијарта на истата ќе биде финансирана, а Дрим тимот има три месечен период во кој треба да ја изработи . Преку оваа програма, младите се поттикнати да препознаваат предизвици од нивната блиска средина и да понудат иновативни решенија во вид на производи или услуги. Во самиот процес на развивање на идеите, со поддршка на менторите и со примена на современи алатки, се потикнува иновативно размислување и развој на претприемнички вештини.

Leave a Reply

Your email address will not be published.