Награди на најистакнатите ученици во Општина Штип!
Градоначалникот на Општина Штип на 19.6.2023 додели награди на најистакнатите ученици во воспитно-образовната дејност, првенци на генерацијата од основните и средните училишта во Општина Штип. Чест ни е што нашиот ученик Драган Дончевски од IV-3 клас како првенец на генерацијата 2022/2023 беше дел од наградените ученици за својот успех и придонес во изучуваниот образовен профил. СОУ ,,Коле Нехтенин” ќе продолжи со мотивирање на учениците од сите образовни профили да постигнуваат континуирани успеси. Честитки за Драган и неговото семејство од целиот тим на нашето училиште.




