Мултикултурен настан – „Чувари на културната ризница“
Наши ученици учествуваа во ЦСК-ПХВ проектот (Црвен Крст Акција-промоција на хумани вредности)
ПХВ волонтерите од нашето училиште учествуваа во реализирање на мултикултурен настан наречен „Чувари на културната ризница“ и тие учествуваа во создавањето на театарска престава комедија „Весела свадба“ со своите ПХВ другари во рамките на ПХВ програмата.
Денес нашите ученици ќе реализираат Хуманитарен турнир за семејство од социјален ризик, мајка болна од карцином со дете со посебни потреби, без сопствен дом, кои немаат други примања освен социјална помош.
Нашите млади носат промени што живот значат, утре да бидеме хумани и да им помогнеме на нашите млади во нивните проекти.
