Младински пролетен салон
СОУ ,,Коле Нехтенин” беше дел од тринаесетиот ,,Младински пролетен салон” кој се организира од страна на НУ Национална установа. На изложбениот простор во галеријата беа претставени дела на ученици од средните училишта и факултетите ширум земјава. Младите ликовни уметници твореа на тема ,,Флора и фауна”, применувајќи различни ликовни техники.
Под менторство на проф. Анастасија Петрова-Мушовска, на ,,Младинскиот салон” учествуваа учениците:
-Даниел Иванов, 3-8 клас;
-Давид Ристов, 1-4 година;
-Катија Богданова 1-8 клас;
-Мавиш Таир, 1-7 клас.
Им честитаме на учениците кои ја негуваат ликовната креативност, талентот и имагинацијата и на менторот што ги мотивираше за творење и учество во ,,Младинскиот салон”.








