Меѓуопштински литературен награден конкурс за песна и краток расказ на тема „Мојот град“
На Меѓуопштинскиот литературен награден конкурс за песна и краток расказ на тема „Мојот град“ распишан од НУ–УБ „Гоце Делчев“ – Штип, ученикот Димитриј Давитков, прва година од СОУ„Коле Нехтенин“ Штип под менторство на проф. Сузана Арсова го освои второто место во категорија за возрасни. Честитки за ученикот и менторката! Им посакуваме уште многу заеднички успеси во областа на литературата и убавиот збор!


