Меѓународен ден на лица со посебни потреби
Во одбележувањето на 3 Декември-Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби се приклучија и учениците од нашето училиште.
Членовите на Ученичката заедница под менторство на професорката по Граѓанско образование Лиљана Манова, педагог Сузана Ефтимова и дефектолог Весна Ивкова организираа хуманитарна акција и од собраните средства на децата од „Дневниот центар за деца со посебни потреби„ им подарија скромни подароци.Со овој хуман гест учениците уште еднаш покажаа дека вниманието, љубовта и среќата се единствени нешта кои се удвојуваат кога се делат.
