Меѓународен ден на лицата со посебни потреби
Во пресрет на 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, нашето училиште денес беше домаќин на Центарот на лица со интелектуална попреченост ЦПЛИП „Порака” –Штип. Преку пријатна дружба и заеднички разговор, нашето училиште уште еднаш покажа дека работи на зголемување на свеста за подобро разбирање на луѓето кои се засегнати од некој хендикеп и потребата од нивно интегрирање на лицата со посебни потреби во секој аспект од животот.
Изразуваме голема благодарност до Хотел „Оаза” и интерактивниот мини град „Мини Сити-Макси развој” кои го спонзорираа овој прекрасен настан.


