Меморандум за соработка со ГЛАМ Македонија

На ден 28.09.2018година СОУ„Коле Нехтенин“- Штип склучи Меморандум за соработка со ГЛАМ Македонија (огранок на меѓународната фондација Викимедија за Македонија) и отвори Вики клуб, прв и единствен од ваков тип во Источна Македонија.
Најпопуларно мрежно место или проект на оваа Фондација е Википедија во чиишто рамки се создава слободна енциклопедија на сите јазици во светот, меѓу кои и на македонски јазик. Во иднина учениците од нашето училиште ќе преведуваат, ќе истражуваат, ќе пишуваат статии од повеќе области(наука, иновации, економија, спорт, гастрономија, уметност и култура, литература, јазик и сл.), ќе комуницираат, ќе разменуваат искуства со членовите на Вики клубовите во Македонија и ќе бидат дел од големото семејство на Википедија ширум светот.
Целта на овој Вики клуб е да ги поттикне учениците својата интелектуална и креативна моќ да ја насочат кон истражување и создавање статии при што и тие самите ќе се едуцираат и ќе се оспособуваат за пишување научни текстови, трудови и сл., за своето понатамошно образование.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *