Матуранти, генерација 2019-2023
Постои некоја посебна магија која создава нераскинлива врска помеѓу учениците и наставниците во текот на четиригодишното заедничко битисување помеѓу ѕидовите на училиштето. Најверојатно никој нема да пронајде доволно силен и сеопфатен збор за во него да собере се’ и да ја дорече посебноста на секоја генерација.
Постојат денови кога си тежиме едни на други, кога мислиме дека можеме повеќе и подобро, но сепак на крај останува да ги паметиме само насмеаните денови исполнети со многу стравопочит, разбирање, долги муабети, мудрување,…
Драги наши матуранти, генерација 2019-2023, за вас зборуваме!
Оттука, секој од вас знае, каде и како понатаму?
Ве научивме да бидете смели и храбри, силни, непокорливи, најдобри!
Време е да тргнете на сопствениот пат кон успехот!
в.д.директор Јованка Шалева
наставниците и сите вработени во
СОУ”Коле Нехтенин” Штип
