Манифестација “Денови на Шопов”

Во рамките на манифестацијата “Денови на Шопов”, денес во Дом на млади Штип, се одржа рецитаторски натпревар “Во чест на поетот”. Учениците и наставниците по македонски јазик и литература од СОУ “Коле Нехтенин” Штип дадоа свој придонес во одбележувањето на овој ден, 20 декември, роденденот на големиот човек, револуционер и поет Ацо Шопов. 
Во преполната сала на Домот на млади уште еднаш одекнаа силните и моќни зборови на поетот, стиховите за маката и радоста, за небиднината, за галебот што кружи, за очите чиј пламен никогаш нема да згасне, за да на крај се’ се слее со тишината.
Нашите ученички Адријана Савевска, Славица Ивановска, Елена Вучевска, Ванеса Стаменковиќ и Моника Стојанова, денес откинаа парче душа и му ја подарија нему, на поетот Ацо Шопов, кој ќе постои се додека постојат генарации и генерации ученици и наставници кои ќе го слават неговото дело достојно за почит и паметење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *