Литературен конкурс по повод Патрониот празник на училиштето СОУ “Коле Нехтенин”

Училишен литературен конкурс по повод Патрониот празник на училиштето СОУ„Коле Нехтенин“ – 23 Мај

Литературно-рецитаторската секција при СОУ „Коле Нехтенин“ распишува литературен конкурс на тема:„Бесмртни се оние кои засекогаш живеат во колективната свест на народот“ во две категории:

• Поетска творба

• Прозен текст – есеј (есејот треба да содржи помеѓу 250 – 500 зборови)

На конкурсот можат да учествуваат сите ученици од СОУ „Коле Нехтенин“ со неограничен број на творби.Творбите треба да бидат напишани на македонски литературен јазик со кирилично писмо.

На творбата потребно е да бидат напишани следниве податоци:

• име и презиме на ученикот

• година во која учи ученикот

• име и презиме на менторот (доколку има ментор)

Конкурсот ќе трае од 8 април до 5 мај 2022 година.

Учениците творбите треба да ги испратат во електронска форма на следниве адреси suzearsov@yahoo.com, silvana.andonova@yahoo.com, tosheva.danche@yahoo.com, denicija6@gmail.com или во печатена форма да ги достават на својот наставник по македонски јазик и литература.

Прогласувањето на најдобрите творби и свечено доделување на наградите ќе биде на денот на Патрониот празник на училиштето. Ќе бидат прогласени прво, второ и трето место во категорија проза и прво, второ и трето место во категоријата поезија.

Одговорни наставници на Литературно-рецитаторската секција

проф. Сузана Арсова

проф. Силвана Андонова Иванова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *