Креативна работилница во ДСУ “Искра” организирана од ученици од нашето училиште

Ученици од нашето училиште:

Кристијан Панов, Стефан Стојанов, Никола Јованов – II – 2 клас, менторирани од стручни лица реализираа креативна работилница во ДСУ ,,Искра”.

Целта на оваа активност беше децата со попречен развој да почувствуваат еднаков свет.

Мал фудбал, час по физичко воспитување на отворено, креативно катче за рачни изработки беа дел од овој настан.

Цртежите кои произлегоа од оваа работилница ќе бидат изложени во нашето училиште.

Им благодариме на нашите ученици за заложбите и грижата за еднаквоста во нашето општество.

Одговорен наставник од СОУ ,,Коле Нехтенин” за Црвен крст во Штип – проф. Данче Тошева

Leave a Reply

Your email address will not be published.