Крводарителска акција во просториите на СОУ “Коле Нехтенин”
,,Да се биде крводарител – да се биде хуман и човечен’’
На 7ми април во просториите на СОУ ,,Коле Нехтенин” во Штип се одржа крводарителска акција. Активноста беше организирана од страна на Црвен крст во која активно се вклучија учениците и вработените.
Хуманоста е наша мисија, која со години наназад се негува во училиштето. Им благодариме на сите учесници во полето на крводарителството.
Одговорен наставник на Црвен крст во Штип – проф. Данче Тошева




