“Кликни мудро” – сајбер безбедност

Здружението „Медиа плус” преку проект поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, одржа едукативна работилница во СОУ „Коле Нехтенин”- Штип, на темата сајбер безбедност, како прв дел од проектот „Кликни мудро”.

Учениците ги искажаа своите ставови во врска со различните теми од областа на безбедноста на интернетот, како и практиките за справување со различни безбедносни ризици со кои би се соочиле при користење на интернетот.

Работилницата ја водеше професорот од Воената академија Методи Хаџи Јанев, Весна Коловска и Слободанка Блажевска, од ЗГ Медиа плус. Целтa на овој проект е едукација на учениците за тоа како да се однесуват во сајбер просторот, да научат да бидат претпазливи при користењето интернет, да „кликнат” мудро, за тоа како да ги заштитат своите лични податоци. За втората половина од април, учениците од СОУ” Коле Нехтенин” ќе имаат уште една можност за едукација на темата медиумска писменост и дезинформации, во рамките на проектот” Кликни мудро”.

в.д.дир.Јованка Шалева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *