Информација за електронски упис на ученици во прва година во средно образование

⚠️ВАЖНО!!!

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

⚠️За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, Порталот ќе биде отворен од 10.06.2022 година во 10.00 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15.06.2022 година најдоцна до 15.00 часот, после што системот ќе биде затворен за онлајн аплицирање од ученици.

-Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе можат да вршат ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите.

Валидација на дипломите и внесување на поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

-Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 16-ти јуни 2022 година на интернет страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.

-Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 16-ти јуни од 12.00 часот до 19.00 часот и на 17-ти јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.