“Иновативен Камп”

На ден 27.03.2019 година, ученици од нашето училиште учествуваа на натпревар на средношколци во претприемнички вештини “Иновативен Камп” организиран во Делчево. Нашите ученици освоија 3то место, од 20 тимови – учесници, на ниво на Република Македонија.
Учесници на натпреварот беа: Викторија Данилова, Бојана Дрангова, Стефан Ефремов, Ѓорги Ласков и Давид Стојанов. Наставник Ментор – Мирјана Ѓоргиев Фичорска.
Тимот се претстави со иновативна идеја “Сликовница за слепи лица” со која слепите лица би можеле подобро да ги доловат сликите во околината, и со помош на брајова азбука истите да ги прочитаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.