Запознавање со планинарството како спорт преку гостинка од “Лисец” – Штип

На 24.2.2023 год. во СОУ “Коле Нехтенин” за време на часовите по спорт и спортски активности гостинка ни беше Билјана Донева, долгогодишен член на планинарското друштво “Лисец” од Штип кое опстојува веќе 75 год.Учениците беа запознаени со планинарство како спорт.Тие можеа слободно да ги искажат своите искуства со планините, планинарењето како спорт и сл.

Целта на оваа активност е да се промовира здравиот начин на живот, да се поттикнат младите секогаш кога имаат прилика да поминуваат време надвор, на воздух, на планина…нешто што модерниот начин на живот, користењето на мобилните телефони и интернетот го одземат се’ повеќе и повеќе.

Благодарност до Билјана Донева за одвоеното време!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *