Запиши се ОНЛАЈН во средно училиште!

📢 Запиши се во средно училиште во 4 чекори! 🧑💻

✅ Кликни го линкот кој води до онлајн апликацијата

https://e-uslugi.mon.gov.mk

✅ Пополни ги потребните податоци и прикачи ги потребните документи

✅ Притисни аплицирај

✅ Испечати ја потврдата која треба да ја приложиш во одбраното училиште

Новата и единствена платформа за електронско запишување ученици во средните училишта овозможува едноставни и брзи уписи.

📢 За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, Порталот ќе биде отворен од 10.06.2022 (10.00 часот). Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15.06.2022 (најдоцна до 15.00 часот), после што системот ќе биде затворен за аплицирање.

*Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Дигитални услуги во сектор образование – фаза 2“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразува секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *