Завршен испит за XVIII – та генерација ученици од угостителска туристичката струка

Денес на 14.6.2023 година, XVIII – та генерација ученици од угостителска туристичката струка го полагаше завршниот испит, со што го заокружува своето образование во полн сјај. Покажувајќи го сето стекнато знаење од досегашното образование и пракса , учениците приготвија многу вкусни јадења кои ги послужија и презентираа пред присутните гости и собраа бројни аплаузи. Честитки за сите ученици за успешниот испит и честитки за нивните наставници кои несебично им даваат вреден занает во раце на бројни генерации. На сите ученици им посакуваме успешна натамошна кариера во овие денес толку барани професии .

Драги деветоодделенци, идни наши ученици, повелете запишете се во СОУ „ Коле Нехтенин “ и бидете дел од XXI-та генерација од угостителско-туристичката струка.

Учи паметно , учи стручно , учи во Коле Нехтенин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *