Ерасмус+ младинска размена “Do it for yourself!”
Ученичките Ана Коцева и Анастасија Василева од III-4 клас имаа можност да бидат дел од Ерасмус+ младинска размена “Do it for yourself!”
Младинската размена имаше за цел да развие вештините на 21 млади луѓе на возраст помеѓу 15 и 26 години од 3 земји – Бугарија, Романија и Македонија. Проектот се одржа во Хисарија, Бугарија .
Главната цел на проектот е да се зголеми нивото на професионални и лични компетенции на младите луѓе за да се развијат нивните знаења и вештини за ефективно вклучување на пазарот на труд со примена на методите на неформално образование.





