Еразмус + Youth AgriHacking Talent, Script Action for Future Earth

Нашите ученици Христијан Јанков и Дарко Стаменов од III-3 клас овој месец беа дел од два Еразмус + проекти.

Тие денес со класниот раководител Драгана Љуботенска и нивниот соученик Лука Андонов, којшто прв започна со учество во проектите на Младинскиот Борд од Штип, беа на прием кај в.д. директорката на СОУ„Коле Нехтенин“ Јованка Шалева, при што имаа прилика да ги споделат своите искуства:,,Еразмус+ проектот “Youth AgriHacking Talent” поддржан од Младинскиот борд во Штип, се одржа во периодот од 10.2.2022 до 17.2.2022 во Неа Каликратија, Грција.

Благодарение на овој проект јас го започнав процесот на личен развој и реализирав класични Еразмус + активности како што се запознавање на меѓународната група, запознавање и активно учество при разработка на темата, истражување на местото и стекнав искуство во размена на идеи со многу млади од повеќе земји: Италија, Грција, Молдавија, Украина, Романија и Турција.’’ –ни раскажа Христијан Јанков.

,,Еразмус+ проектот „Script Action for Future Earth“ (SAFE) поддржан од Младинскиот борд во Штип (Youth on Board) се одржа во периодот од 9.2.2022 до 19.2.2022 во Будимпешта, Унгарија. Овој проект имаше цел да ги информира младите за различните видови загадувања, да го привлече вниманието кон причините за еколошките проблеми, особено кон човечките влијанија врз еколошкиот систем низ историјата.

Ние преку наука, образование и забава имавме можност да стекнеме нови доживотни пријателства со млади од: Унгарија, Азербејџан, Франција, Турција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Тунис и Португалија.’’-ни раскажа Дарко Стаменов.

Им честитаме на нашите ученици за учеството во овие два проекти на Еразмус + и посакуваме уште многу вакви меѓународни дружби на учениците од СОУ ,,Коле Нехтенин’’Штип.

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат, седнати луѓе и внатре
Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и текст кој вели „Erasmus+“
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Leave a Reply

Your email address will not be published.