Еразмус+ проект “Обука за угостителство во Кипар”

Завршуваме една убава успешна приказна наречена Еразмус+ проект „Обука за угостителство во Кипар“. Проектот им овозможи на 10 ученици од угостителско-туристичката струка да учествуваат на шестнеделна практична обука во Кипар и да ги подобрат своите стручни, јазични и комуникациски вештини. Тие станаа побогати за едно непроценливо животно искуство кое многу ќе им помогне за нивниот личен и професионален развој и ќе ги ја подобри нивната конкурентност на пазарот на трудот. Со ваков проект СОУ „ Коле Нехтенин“ уште еднаш покажа дека неуморно работи за подобрување на квалитетот на знаењата, вештините и вредностите со кои нашите ученици излегуваат од ова училиште.

Во изминатиот период сите прекрасни искуства од мобилноста учениците ги споделија со другите ученици во училиштето со цел нивна мотивација за пријавување на вакви проекти. Завршната презентација пред вработените во училиштето ги покажа сите реализирани активности и придобивки на ваквите ЕУ проекти и ќе биде силен поттик за изработка и учество во нови. Само така одиме напред, само така стануваме европско училиште со европско оброзавание. Благодарност до учениците што достојно не претставија во Кипар и благодарност до сите кои со својот ангажман допринесоа за остварување на сите цели на проектот.

Координатор на проектот

Лидија Кишишева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *