Еразмус+ проект “Интегрирање на дигитални содржини и дигитализација во средните училишта”
Во периодот од 06 до 08 февруари 2023 година во Тирана, Р.Албанија се одржа третата тридневна работилница од Еразмус+ проектот „Интегрирање на дигитални содржини и дигитализација во средните училишта“ во кој како партнер е и нашето училиште, заедно со универзитети и средни училишта од Македонија, Албанија, Словенија и Хрватска. Домаќини на настанот беа Canadian Institute of Technology и електротехничкото училиште Gjergj Canco од Тирана. На работилницата присутните имаа можност да се запознаат и практично да употребуваат одредени апликации и алатки за дигитализација на содржини во наставата со цел создавање на Отворени образовни ресурси (OER – Open Educational Resources). Исто така на работилницата домаќините споделија практични искуства кои овие институции ги имаат во доменот на дигитализацијата. Претставниците на партнерите од проектот имаа можност да се запознаат и со просторно- техничките услови за работа на домаќините. На работилницата присуствуваа членовите на Еразмус+ тимот од овој проект Катерина Стефанова, Лидија Кишишева, Томе Коловски и Ивана Стојанова.
