Еразмус+ програма во Кипар во рамките на проектот Обука за угостителство
Десет ученици од нашето училиште утре заминуваат на Кипар во рамките на проектот Обука за угостителство во Кипар од Еразмус+ програмата која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Овие десет ученици доаѓаат од Виница, Св.Николе, Ораовица, Подареш, Неготино и Штип и се вистински пример дека нашето училиште со вакви проекти им нуди исклучителни можности за професионален развој на сите ученици кои сакаат да учат и напредуваат во својата кариера.
Им посакуваме успешна обука и ги чекаме со многу нови искуства кои ќе ги пренесат на останатите ученици!




