Еразмус+ подготовки за обука во Кипар
Еразмус+ подготовките за обуката во Кипар ги привршуваме со средба со родителите на учениците кои за неколку дена тргнуваат на мобилност. Наставниците кои ќе ги придружуваат учениците и родителите разговараа за сите аспекти од престојот на учениците во Кипар . Со заеднички совети и правила за однесување се подготвуваме да го претставиме нашето училиште и нашата земја во најдобро светло.



