Екскурзија низ Будимпешта, Прага, Карлови Вари, Виена

На 2.5.2023 ги испративме со позитивна мисла, а на 7.5.2023 ги дочекавме среќни учениците од СОУ ,,Коле Нехтенин” – Штип од екскурзијата низ дел од Европа.

Ги посетија лулките на културата и уметностите, како и на аристократијата, Будимпешта, Прага, Карлови Вари, Виена.

Се здобија со спомени за вечно паметење и навлегоа во светот на Европската култура, прераскажано од професионални локални водичи. Тимот на ,,Црво Експрес” – Штип професионално и максимално го искористи секој дел од патувањето и вметна дополнителни содржини настрана од агендата, се’ со цел да ги направи нашите ученици среќни.

Екскурзијата беше пропратена со многу дружење, смеа и прекрасни моменти, кои и учениците и нивните придружници, наставниците уште долго ќе ги паметат и прераскажуваат.

Браво за нашите ученици кои покажаа високо ниво на култура и домашно воспитување.

Продолжуваме да градиме добар имиџ на модерно и современо училиште во кое учат задоволни и мотивирани ученици!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *