Еко Одбор

На 04.10.2018 година се одржа првиот состанок на новиот Еко Одбор на СОУ Коле Нехтенин. Еко Одборот го сочинуват директорот на училиштето, членовите на стручната служба,наставници од сите активи, преставник на техничкиот персонал, претставници од учениците, претставници од родителите како и претставник од општината, од невладина организација ,од бизнис секторот и од медиумите.Така организирани ќе придонесеме за реализирање на нови еко активности за подобрувања на животната средина како во училиштето ,така и во пошироката заедница. На состанокот преовладуваше доста позитивна енергија и ентузијазам што е добра мотивација за да уште поуспешно продолжиме да ја реализираме Еко програмата и да ја подигнуваме еколошката свест на сите нас

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *