Еколошка работна акција по повод Светските денови на акција

По повод Светските денови на акцијата, вработените и учениците од СОУ”Коле Нехтенин” Штип со задоволство ја прифатија идејата денес да одвоиме малку време, а да реализираме голема еколошка работна акција за уредување на училишниот двор.

Акцијата беше реализирана со поддршка од вработените на ЈП”Исар” и ќе продолжи и идната недела.

Целта на оваа акција е да ја подигнеме свеста кај учениците за чиста и здрава еколошка средина, да не се фрлаат отпадоци во училишниот двор и да ја собереме златната покривка што есента ја распостила со сета своја убавина во овој период од годината.

Благодарност до сите што се вклучија во оваа акција, а најмногу до нашите вредни ученици кои секогаш знаат да дадат повеќе отколку што се бара од нив. Потребно е само убав збор и мотивација!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *