Едукативно еколошко предавање

На 22.11.2018 во нашето училиште се одржа Едукативно еколошко предавање од страна на Македонското еколошко друштво во врска со Проектот за ревитализација на крајречната вегетација по долниот тек на реката Брегалница. Учениците се запознаа со последиците од несовесното однесување на луѓето со зголеменото сечење на дрвјата во крајречните подрачја, научија кои се најчестите видови дрвја кои природно растат во Брегалничкиот регион и се запознаа со активностите и плановите на Македонското еколошко друштво за ревитализација на екосистемите во нашиов Брегалнички регион. Во следната фаза на проектот се планира активно вклучување и на нашите ученици во пошумување на планираните подрачја со млади садници од топола и врба ,како и понатамошна соработка со Македонското еколошко друштво за различни еко активности.