Ден на пролетта – еколошка акција

🪴🪴🪴 Учениците од СОУ„Коле Нехтенин“ го одбележаа Денот на пролетта со акција за чистење и разубавување на училишниот двор со садење на садници, црн бор. Со оваа еколошка акција нашите ученици покажаа како се сака и чува природата.

Денешниов ден за нашиот град е познат и по традиционалното искачување на тврдината „Исар“, по повод празникот „Свети четириесет маченици“ или за штипјани Ч’трсе. На 22 март штипјани традиционално се искачуваат на тврдината „Исар“ и се поздравуваат со 40 лица, се собираат 40 каменчиња, од кои 39 се фрлаат кон реката Брегалница, а 40 каменче се носи дома и се става под перница. Се верува дека со каменчето под перница ќе го сонат животниот сопатник.

Оваа традиција е заштитена како нематеријално богатство од страна на УНЕСКО.

Да ја чуваме училишната зграда уредна и чиста секој ден и да ја почитуваме и негуваме традицијата која ја имаме како нематеријално културно наследство!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *