Ден на екологијата, ден на пролетта
По повод 21 Март – Денот на екологијата, 22 Март – Денот на пролетта и чествувањето на обичајот “Четр’се” кое традиционално се одбележува во градот под Исарот, нашите ученици се вклучија и дадоа свој придонес со реализација на голема еколошка активност – чистење на училишниот двор и садење украсно цвеќе во паркот на училиштето.
Живееме во модерен и урбан свет со многу предности и олеснителни околности, но истовремено на животната средина и се заканува еколошка катастрофа и затоа грижата за неа треба да биде наша секојдневна обврска.
Во СОУ”Коле Нехтенин” Штип во текот на наставната година се реализираат часови со еко содржини и на тој начин се вклучуваме во глобалната светска програма за заштита на животната средина.
в.д.дир.Јованка Шалева

















