“Денови на интернационална кујна” – соработка со Еразмус Импулс Штип

Денови на интернационална кујна во СОУ”Коле Нехтенин” Штип

Во соработка со Еразмус Импулс Штип започнавме со реализација на заедничкиот проект “Денови на интернационална кујна”. Целта на проектот е да ги запознаеме странските студенти во Штип со македонските специјалитети како и нашите ученици да се запознаат со нивните национални кујни преку заедничка подготовка на познати јадења.

За почеток како добри домаќини приготвувавме штипски пастрамајлии, полнети пишии(Мекици) и палачинки.

Наши гости беа студенти од Италија и Чешка и беа презадоволни од приемот во нашето училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *