„Дарувај крв, спаси живот“

Денес, 3.11.2022 во просториите на СОУ ,,Коле Нехтенин” во Штип се одржа крводарителска акција. Активноста беше организирана од страна на Црвен крст во која активно се вклучија учениците и вработените. Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност, а хуманоста е наша мисија, која со години наназад се негува во училиштето. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.

За големата афирмација на доброволното крводарителство им благодариме на сите учесници за својата заложба и посветеноста за унапредување на корпоративната општествена одговорност.

Одговорен наставник на Црвен крст во Штип – проф. Данче Тошева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *