Граѓанско на дело: Од училница во акција
Наставници од нашето училиште присуствуваа на конференција за Граѓанско образование насловена како „Граѓанско на дело: Од училница во акција„
Настанот беше доста динамичен на кој имаше можност: да се проследат успешни наставни и воннаставни активности спроведени од училиштата изминатите години, учениците да разговараат со претставници на организации и институции кои ги изучуваат во рамки на програмата за Граѓанско образование, да се дискутира за реформите во граѓанското образование и понатамошните потреби на воспитно-образовниот кадар во училиштата.

