Гости во нашето училиште од ДСУ “Искра” по повод меѓународен ден на лицата со посебни потреби

Во пресрет на 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, во нашето училиште гости беа учениците од ДСУ ,,Искра” – Штип.

По тој повод ученици од III – 5 клас, заедно со проф. Лиљана Манова и проф. Данче Тошева читаа пораки поврзани со љубовта и еднаквоста.

Исто така реализиравме работилница под мотото ,,Љубов сме си”, на која нашите гости ставија печат од нивните раце на срце, кое ќе биде изложено во нашето училиште како сеќавање на едно прекрасно дружење.

Учениците од угостителско-туристичката струка подготвија десерт за нашите гости.

Им благодариме на ДСУ ,,Искра” за прифатената покана и убавиот ден поминат заедно!

Лиљана Манова

Данче Тошева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *